1010 – Тотенхем – Фулам (21:00)
Екипата на Тотенхем игра одлично во новата сезона и без Хари Кејн. Со евентуална победа на денешниот дуел против Фулам, тие ќе се искачат на врвот на премиерлигашката табела и ќе го поминат Манчестер сити. Фулам го нема победено Тотенхем уште од 2013-тата година и тешко дека ќе му успее такво нешто и денес, со оглед на тоа дека влогот за Тотенхем е лидерската позиција во Премиер лигата.
Предлог тип: 1-1 & 2+ (2.35)
1310 – Валенсија – Кадис (21:00)
Екипата на Валенсија вечерва има шанса со поволен резултат против Кадис да фати приклучок кон делот на табелата кој води во европските клупски натпреварувања. “Лилјаците“ е фаворити на дуелот и поради пласманот на табелата, каде се наоѓаат на 10-тата позиција со 11 бодови, додека Кадис е 15-ти со два поени помалку од денешниот противник.
Предлог тип: 1Х & 2>1 (2.12)
3009 – Удинезе – Лече (18:30)
Голови се очекуваат на првиот денешен натпревар од италијанската Серија А помеѓу Удинезе и Лече. Традицијата во меѓусебните дуели на овие две екипи вели дека на 17 од последните 20 натпревари биле постигнати по најмалку два голови, па така се очекува да биде и вечерва.
Предлог тип: 1+I и 1+II (2.00)
3010 – Фиорентина – Емполи (20:45)
Вториот натпревар од денешната програма во италијанската Серија А, има изразит фаворит, а тоа е екипата на Фиорентина. Емполи игра катастрофална сезона и има само четири бодови со еден постигнат погодок и 16 примени. Фиорентина е четвртопласирана и со победа вечерва дури и ќе фати приклучок во битката за титулата во Серија А.
Предлог тип: 1 & 0-29 min (2.13)
2834 – Трабзонспор – Аланијаспор (19:00)
Аланијаспор е последната шанса за Трабзонспор барем малку да се доближи до амбициите кои ги имаа зацртано за оваа сезона. Иако целта на клубот од Трабзон беше шампионсата титула, сепак, сега во игра им е само борбата за излез во фудбалска Европа, а тоа ќе го направат само со победа на денешниот дуел против Аланија. Последниот натпревар помеѓу овие две екипи заврши во корист на екипата за која настапува нашиот репрезентативец Енис Барди со убедливи 5-1.
Предлог тип: 1 & 3+ (2.20)