Тотенхем со предност ќе оди на реваншот во Норвешка

1001 Нотингам ф. – Брентфорд (20.30 часот)

Шумарите и Пчелите го затвораат 34-тото коло во Премиер лигата. Тимот од Нотингам е шести на табелата во моментов, но ако победи вечерва, ќе избие на трета позиција и на четири кола до крај ќе биде во добра ситуација да се избори за место во Лигата на шампионите. Брентфорд има серија од три меча по ред без пораз, 11-ти се на табелата и ќе останат таму, а тоа е тим кој има повеќе и дадени и примени голови од Форест. Брентфорд има постигнато гол на последните седум гостувања по ред. Зимоска во Лондон беше 2-0 за Нотингам.

Предлог тип: 1 (2.25)

 

6021 Атлетик Б. – Манчестер ј. (21.00)

Ова е многу значаен меч за двата тима и можеби финале пред финале во Лига Европа. Финалето во ова натпреварување ќе се игра во Билбао, и Баскијците посакуваат да испишат историја и дома да одиграат едно европско финале. Јунајтед откако се провлече против Лион во четвртфиналето, посакува титула во Лига Европа бидејќи тоа ќе им донесе место во Лигата на шампионите, во спротивно ќе останат без излез на европска сцена. Седум од последните осум меча на Атлетик беа со 0-2 гола, а Манчестер уште од 16-ти март не победил на меч кој се играл 90 минути.

Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (2.80)

 

6022 Тотенхем – Бодо/Глимт (21.00 часот)

Лондонските Петли се фаворити против норвешкото изненадување. Тотенхем дома има низа од пет меча на кои и дава и прима гол. Овие два тима никогаш порано не играле меѓусебен меч. Иако Бодо/Глимт во четвртфиналето го елиминираше Лацио, сепак покажаа дека се многу поопасни дома отколку на гости. Тотенхем има очајна сезона во Премиер лигата и ова им е единствена шанса да направат нешто големо.

Предлог тип: 1 & 2+ второ (2.11)

 

6045 Бетис – Фиорентина (21.00 часот)

Бетис и Фиорентина се два тима кои играат во добра форма во последно време, а сега влогот е финале во Конференциската лига и ќе бидат под притисок. Виолетовите од Фиренца не знаат за пораз уште од 9-и март, додека Бетис е тим кој редовно дава голови, на 20-ти февруари последен пат не постигнаа гол. Никогаш не играле официјален меѓусебен меч. Бетис е фаворит, но далеку од тоа дека тука „кецот“ е сигурен.

Предлог тип: 1Х & 1-3 (1.88)

 

6708 Ѓургарден – Челзи (21.00 часот)

Сините од Лондон се главни фаворити за титулата во Конференциската лига, тоа се знае уште од почетокот на сезоната, а со оглед на тоа дека ривалот не им е толку звучно име од топ лигите, многумина веќе го гледаат Челзи со финалето. Ѓургарден испиша историја на шведскиот клупски фудбал, но Челзи не е Рапид Виена, ниту Пафос или Омонија, екипи кои Ѓургарден ги елиминираше на патот до историското полуфинале. Веруваме дека Челзи нема да ја испушти приликата уште вечерва да покаже кој е кој во оваа битка.

Предлог тип: 2 & 2-3 (2.85)

- Оглас -

Најнови вести