Тотенхем со „втор тим“ ќе игра против Динамо Загреб?

Жозе Мурињо неодамна најави дека Тотенхем ќе атакува на освојување на титулата во Лигата на Европа. Лондонскиот тим вечерва во првиот меч од осминафиналето е домаќин на Динамо Загреб. Според обложувалниците, Тотенхем е голем фаворит за победа, а според најавитем, англискиот премиерлигаш нема да биде во најсилен состав.

Англиските медиуми предвидуваат дека двајцата најдобри играчи на Тотенхем, Хаји Кејн и Јужнокорејецот Сон, ќе бидат на клупата за резерви. Влијателниот весник „Индепендент“ предвидува дека Тотенхем ќе игра во формација 4-2-3-1, со Винисиус како единствен класичен напаѓач, а Ламела, Бергвијн и Али како дел од офанзивниот ред во средината.

Динамо во претходното коло на два пати славеше против Краснодар, а хрватскиот шампион во последните 20 меча во сите натпреварувања има 17 победи, едно реми и само два порази. Според најавите, во стартниот тим на Модрите ќе бидат двајцата македонски репрезентативци. Стефан Ристовски во бековската линија, а Аријан Адеми како капитен на Динамо треба да биде „моторот“ на гостинскиот тим.

Дуелот започнува во 21 часот во Лондон.

 

- Оглас -

Најнови вести