Тотенхем не запира со засилувањата. По летните ангажмани на Мохамед Кудус од Вест хем за 64 милиони евра и Матис Тел за 36 милиони евра, челниците на лондонскиот клуб сега го насочуваат фокусот кон офанзивни засилувања, Еберечи Езе и Савињо.
Езе веќе со години е меѓу најдобрите играчи во Премиер лигата, а минатата сезона за Кристал палас одигра 43 натпревари, постигна 14 погодоци и запиша 11 асистенции.
Сепак, Кристал палас не сака да се откаже од еден од своите највредни фудбалери.
Тотенхем го чека моментот да ја активира откупната клаузула, според која англискиот репрезентативец може да го напушти клубот само за 70 милиони евра.