Фудбалерите на Тотенхем убедливо славеа против Вест хем во лондонскиот дуел, прв од новото коло во Премиер лигата. Тимот на Постекоглу победи со 4-1, иако прими гол уште на почетокот од мечот.
Мохамед Кудус во 18-та минута го донесе Вест хем во водство, но израмни Дејан Кулушевски во 36-та минута.
Во вториот дел сѐ беше на страната на Тотенхем. Ив Бисума во 52-та минута се погрижи за пресврт, а три минути подоцна Тодибо си постигна и автогол. Серијата голови за Тотенхем ја заокружи Хјонг-Мин Сон кој во 60-та минута погоди за убедливи 4-1.
Во финишот имаше немили сцени, се случи мешаница на теренот, а Мохамед Кудус доби црвен картон затоа што сакаше да сели своја правда и физички нападна противнички фудбалер.