Тотенхем уште еднаш покажа зошто е лидер во Премиер лигата, но му го расипа големиот јубилеј на Рој Ходсон

Во дуел на два лондонски тима, Тотенхем со 2:1 го победи Кристал Палас на гости во дуел со кој стартуваше 10 коло на Премиер лигата. Со овој триумф, Тотенхем само ја продолжува феноменалната сезона и ова е осма победа, со плус две нерешени кои се доволно за 26 бодови и сигурно прво место и по завршување на овој викенд.

Откако немаше погодоци во првото полувреме, во 53 минута дефанзивецот на Кристал Палас, Џоел Вард си постигна автогол и донесе радост за фановите на Тотенхем. Сите дилеми околу победникот беа решени кога Сон погоди за 2:0 во 66 минута. Во судиското надополнување Ају даде гол за Кристал Палас, но домаќините не успеаа да се спасат од пораз.

Овој меч беше многу значаен за тренерот на Кристал Палас, Рој Ходсон за кого ова беше јубилеен 500-ти натпревар како предводник на англиски тим во сите натпреварувања, но за негова жал загуби.

- Оглас -

Најнови вести