Тотенхем ваква „хаварија“ немал 22 години

Брајтон неочекувано лесно со 3:0 го победи Тотенхем во првиот меч од осмото коло во Премиер лигата. За Брајтон ова беше прва поведа над лондонскиот тим по пауза од цели 36 години, бидејќи немаа радост против овој ривал уште од 1983 година кога се радувале со 2:1.

Уште од самиот старт се покажа дека ова нема да биде добар меч за Тотенхем. Брајтон дојде во водство уште во 3 минута, но тоа не беше најлошата вест за гостите во тој момент. При таа акција на Брајтон, голманот на Тотенхем Уго Љорис лошо интервенираше, се лизна, падна на раката и ја скрши. Францускиот голман беше изнесен на носилки со маска за кислород на лицето.

Во продолжение на мечот, Брајтон даде уште два гола и стигна до убедлива победа, со што се продлабочи кризата на лондончани. Тотенхем во последните два меча прими 10 гола (загуби 2:7 од Баерн Минхен), што е за прв пат по пауза 22 години. Последен пат примија 10 гола на два меча во низа во декември 1997 година во поразите од Челзи (1:6) и Ковентри (0:4).

- Оглас -

Најнови вести