Тотенхем во големи проблеми пред дуелите со Милан, спасот може да го најдат во голман кој е нивен навивач

Англискиот премиерлигаш Тотенхем е во проблеми. Голманот Уго Лорис се повреди на мечот против Манчестер сити, а по лекарските прегледи, констатирано е дека голманот ќе паузира во следните шест до осум недели.

„Најпесимистичките прогнози се дека е можно да се случи за Лорис да е завршена сезоната“, информираат од Тотенхем, од каде што се надеваат дека сепак францускиот голман нема да мора да оди на операција.

Повредата на Тотенхем посебно е загрижувачка за настапите во Лигата на шампионите, каде што лондонскиот тим треба да игра двомеч во осминафиналето против Милан. Британските медиуми констатираат дека резервните голмани Брендон Остин и Алфи Вајтман немаат доволно искуство за настапи на толку битни мечеви како што се нокаут дуелите во ЛШ.

Токму затоа шпекулациите се дека Тотенхем може да потпише со искусниот Бен Фостер. Пред една година, Фостер ја заврши кариерата, но 39-годишниот голман важи за голем фан на Тотенхем, па можно е да се случи токму тој да биде адутот за дуелите против Милан во Лигата на шампионите. Првиот меч меѓу овие два тима ќе се игра на 14 февруари во Милано.

- Оглас -

Најнови вести