Рандал Коло Муани не ужива голема доверба кај Луис Енрике. Напаѓачот кој сè уште е дел од репрезентацијата на Франција, често е на клупата за резерви во Пари Сен Жермен, што претставува проблем за него бидејќи сака да остане дел од националниот тим на Франција и да игра на највисоко ниво.
Интерес за овој фудбалер постои од Англија. Премиерлигашките тимови се јавуваат еден по еден, а најзаинтересиран делува дека е Тотенхем.
ПСЖ би можело да го пушти на позајмица со право на откуп, а постои сериозна можност токму тоа да се случи во јануари.
Ливерпул се распрашува, исто како и Манчестер јунајтед, но сè уште се чекаат конкретни понуди од овие тимови.
Интерес покажале и Арсенал, како и Лајпциг, кој би сакал да го врати во Бундеслигата.