1001 Челзи – Тотенхем (20.30 часот)
Лондонските Сини и Петли имаат одиграно само по 33 меча сезонава во Премиер лига, иако мнозинството клубови веќе одиграа по 35, а овој заостанат меч доаѓа во момент кога двата тима се во криза. Во пртходните две кола, Челзи освои само еден, а Тотенхем ниту еден бод. Тотенхем е бетониран на петто место, додека Челзи е деветти и ако победи, ќе се вмеша во трката за местата кои водат во Европа. Ова се два тима кои многу често во последно време играат мечеви со 3+ голови. Тотенхем шест години нема победа на „Стемфорд бриџ“.
Предлог тип: 1Х & 3+ (2.07)
6025 Рома – Баер Леверкузен (21.00 часот)
Во минатата сезона, Рома во полуфиналето на Лига Европа го елиминираше Леверкузен (тогаш за 180 минути игра на двата меча падна само еден гол), сега Фармацевтите се надеваат на реванш. Новиот германски првак во овој дуел влегува после серијата од три ремија едноподруго, тоа беа мечеви на кои во финишот се спасуваа од пораз, па и понатаму немаат пораз сезонава. Неиграњето на Лукаку е хендикеп за нападот на Рома. Волчицата викендов загуби дома од Болоња, но против Баер мотивацијата е друга.
Предлог тип: Х пол. (2.15)
6026 Марсеј – Аталанта (21.00 часот)
За Аталанта ова е историски меч, првпат стигнаа толку далеку во некое европско натпреварување, а тоа што го елиминираа фаворитот Ливерпул во четвртфиналето, покажува дека Божицата од Бергамо е многу опасна. Марсеј беше подобар од Бенфика и важи за благ фаворит за место во финалето, но Обамејанг кој е прв стрелец во историјата на ЛЕ, и другарите, треба да го потврдат тоа и на терен. Марсеј и Аталанта досега никогаш не играле меѓусебе.
Предлог тип: 1Х & 2+ (1.91)
6832 Астон Вила – Олимпијакос (21.00 часот)
Астон Вила не може да смета на првиот голман Мартинес и на ѕвездите Мингс и Ѕаниоло, но секако е фаворит на хартија против грчкиот тим на кој главна мотивација му е тоа што финалето на Конференциската лига ќе се игра во Атина и сакаат да играат дома едно европско финале. Во четвртфиналето, двата тима на двата меча и даваа и примаа гол. Победа на гостинскиот тим вечерва би било огромно изненадување. Тренер на Вила е Унаи Емери кој е експерт за елиминациски мечеви во Европа.
Предлог тип: 1 & 2-4 (2.17)
6833 Фиорентина – Клуб Бриж (21.00 часот)
Фиорентина и Бриж се тимови кои во Конференциската лига не примија гол во четвртфиналето и благодарение на цврстата одбрана дојдоа до полуфиналето. Двата тима викендов беа ефикасни и извојуваа убедливи победи во домашните првенства. Бриж во Белгија се бори за титула, а Фиорентина за излез во Европа. Последниот пораз на Бриж беше на 17-ти март, па Фиорентина ќе треба да се помачи за да ја оправда фаворитската улога.
Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (2.70)