5.8 C
Skopje
недела, 2 ноември 2025

Тотенхем загуби, па тренерот беше игнориран од своите фудбалери (Видео)

Тотенхем загуби со 0-1 од Челзи на домашен терен во меч од Премиер лигата, а единствениот гол беше дело на Жоао Педро. Сепак, она што зачудува е однесување на дел од фудбалерите на Тотенхем, кои по натпреварот одбија да му се поздрават на тренерто Томас Франк.

Џед Спенс и Мики ван де Вен го игнорираа Франк, кој се движеше кон нив и им се обрати, а тренерот на Спарси по натпреварот се обиде да го оправда однесувањето на неговите фудбалери.

„Мислам дека знам зошто го поставувате ова прашање, но ова е мала работа. Мики ван де Вен и Џед Спенс играат добро оваа сезона и ова е само мала ситница.“ – рече Франк.

- Оглас -

Најнови вести