Тоти на 49 години за малку ќе заиграше во Серија А, открива зошто не го направил тоа

Легендарниот италијански фудбалер Франческо Тоти ја шокира јавноста кога откри дека многу малку фалело да се врати во Серија А и да заигра иако има 49 години. Поранешниот капитен на Рома ја заврши играчката кариера во 2017 година, а сега објаснува како за малку можел да се врати во најсилната италијанска лига.

„Постоеше шанса да се вратам во фудбалот. Тренирав со клуб од Серија А. Се колнам, се чувствував одлично. Секој ден тренирав по два часа. Кога се работи за издржливоста и секој друг аспект, бев во топ форма“, објаснува Тоти.

И покрај одличната подготвеност, Тоти сепак решил да не се реактивира и даде објаснување зошто ја донел таа одлука.

„Решив да не се вратам во фудбалот затоа што ќе требаше многу работи да променам. Тоа ќе беше многу комплицирано. Ќе требаше да се преселам во друг град. Ќе требаше да живеам во близина на Касано. Можете ли да го замислите тоа?“, откри Тоти.

Според овие кажувања на Тоти, претпоставките се дека се работи за тимот на Џенова затоа што Касано живее во тој град. Тоти и Касано беа одличен тандем во Рома, а потоа останаа големи пријатели.

Ако Тоти решеше да се врати во Серија А, ќе поставеше рекорд за убедливо најстар играч во историјата. Актуелниот рекорд го држи некогашниот голман на Лацио, Марко Балота, кој последен пат играше со 44 години, еден месец и осум дена. Вториот најстар играч во Серија А повторно е голман, а тоа е Џанлуиџи Буфон, кој го чуваше голот на Јувентус со 43 години, три месеци и 14 денови.

- Оглас -

Најнови вести