Тоти се надева дека Мурињо ќе остане во Рома, а сака да го види Енрике како тренер во Наполи

Легендата на Рома, Франческо Тоти верува дека тренерот Жозе Мурињо и челниците на Римската волчица ќе најдат заеднички интерес и дека португалскиот стратег ќе остане на чело на римскиот тим и во следната сезона. Рома под водство на Мурињо во две сезони успеа да ја освои Конференциската лига на УЕФА, а сега е во финалето на Лигата на Европа каде ќе се обиде да стигне до нов европски трофеј со победа над Севилја.

Освен за тренерското место во Рома, Тоти коментираше дека Луис Енрике би бил идеална замена за Лучано Спалети кој најави дека ќе си замине од Наполи.

„Енрике би бил идеален за Наполи. Го ценам и мислам дека добро ќе се снајде. Луис Енрике е добар и скромен човек кој испиша историја во фудбалот. Сметам дека ќе биде добра опција за Наполи“, вели Тоти.

- Оглас -

Најнови вести