Иконата на Рома, Франческо Тоти, му посака среќа на неговиот пријател Џенаро Гатузо во осминафиналето од Лигата на шампионите, и се надева дека Наполи ќе успее да ја совлада Барселона, и да се пласира во четвртфиналето. Првиот меч во Неапол заврши 1-1, в сабота на празниот „Камп Ноу“ е реваншот.
„Се надевам дека Наполи ќе помине, цела Италија го чека тие, сите ќе навиваме за Наполи. Верувам дека и Рома ќе ја совлада Севилја“ – изјави Тоти кој беше соиграч на Гатузо во 2006 година кога репрезентацијата на Италија стана светски првак.