Тоти: Уште можам да играм 30 минути на високо ниво

Најдобриот фудбалер во историјата на Рома, Франческо Тоти, смета дека уште може да игра по 30-тина минути на мечеви од Серија А и да прави разлика меѓу тимовите. Легендата на Рома, кој има 43 години, ова го кажа за време на една емисија во која ручаше во домот на мајката на Антонио Касано во Џенова.

Тоти, кој целата кариера ја мина во Рома, се повлече во 2017 година, кога Џалоросите не му го продолжија договорот.

„Уште можам да играм по половина час и да имам важен збор на теренот”, рече Тоти.

„Никогаш не знаеш кога ќе се откажеш. Мечевите се нешто кое најмногу ми недостасува. По пензионирањето, треба да си ги разоткриеш скриените таленти да и започнеш нешто ново. Многу е поразлично да си директор, отколку играч”, вели Принцот на Рим.

- Оглас -

Најнови вести