4.8 C
Skopje
петок, 3 октомври 2025

Трабзон и Олимпија ќе победат, во Германија и Англија по традиција ќе има голови (Фото)

1001 Борнмут – Фулам (21:00)

Фудбалерите на Борнмут имаат добар старт на новата сезона во Премиер лигата и во моментов со 11 бода се на шестата позиција, а тоа значи дека имаат само четири бода помалку од лидерот Ливерпул. Серијата од четири меча без пораз се очекува да ја продолжат и против Фулам, екипата против која немаат пораз на домашен терен уште од 2019 година.

Предлог тип: 1Х & ГГ (2.30)

 

1012 Рексам – Бирмингам (21:00)

Рексам и Бирмингам се во златната средина на табелата во Чемпионшип дивизијата, па тешко е да се типува кој ќе биде подобар, но затоа предлогот е да се одигра на голови. Натпреварите од вториот англиски ранг, кои се играат во петок, веќе по традиција се ефикасни, односно имаат голови и во двете полувремиња, па нема зошто да не биде така и вечерва.

Предлог тип: 1-3I&1-3II (2.12)

 

1801 Хофенхајм – Келн (20:30)

Хофенхајм и Келн се помеѓу екипите на чии натпревари се постигнуваат најмногу голови оваа сезона во Бундеслигата. На петте меча на Хофенхајм имало 20 гола, а на исто толку натпревари на Келн биле постигнати вкупно 19 гола. Последните четири меѓусебни дуели на овие две екипи завршуваа „гол-гол“, а и двете екипи се во серии од по пет натпревари на кои играат со голови во двете мрежи.

Предлог тип: ГГ и 3+ (1.84)

 

1951 Трабзонспор – Кајсериспор (19:00)

Трабзонспор во моментов е на третата позиција во турската Суперлига, додека Кајсериспор е 15-ти од 18 екипи, па јасно е дека домашните се фаворити за победата на овој натпревар, на кој се очекува да постигнат и најмалку два гола.

Предлог тип: 1 & Т1 2+ (1.77)

 

3171 Олимпија Љубљана – Алуминиј (20:15)

Олимпија Љубљана и Алуминиј имаат ист ефект по 10 првенствени кола во првенството на Словенија, но фаворитската улога ја имаат домашните. Екипата од главниот град има три победи по ред против денешниот противник, а нема пораз на последните осум натпревари против Алуминиј.

Предлог тип: 1 & 1+I&1+II (2.06)

- Оглас -

Најнови вести