3122 Силекс – Брера (17:30)
Силекс и Брера го затвораат првото коло од Првата македонска фудбалска лига, а очекувањата се дека бодовите ќе останат во Кратово. Традицијата е на страната на Силекс, со оглед на фактот дека имаат четири победи по ред против денешниот противник во нивните меѓусебни соочувања. Екипата од Кратово минатата сезона беше подобропласирана од Брера, играше и во Европа, па се очекува и поподготвена да го дочека овој натпревар.
Предлог тип: 1 & 3+ (2.00)
3138 ИМТ – Железничар (19:00)
Двете екипи се наоѓаат во втората половина од табелата во српската Супер лига, па најсигурната опција за овој меч е да се одигра на голови. Очекувањата се дека ќе има голови и во двете полувремиња бидејќи ниту едните, а ниту другите нема што да бранат, иако се работи за натпревар од четвртото коло. Домашните се во серија од пет натпревари на кои биле постигнати најмалку по два гола, а на последните два меча победија со 2-1 и изгубија со 3-1.
Предлог тип: 1-3I&1-3II (1.82)
1959 Трабзонспор – Кочаелиспор (20:30)
За екипите на Трабзонспор и Кочаелиспор сезоната во турската Супер лига започнува денес. Ова ќе биде нивен прв меѓусебен натпревар по пауза од 16 години бидејќи последен пат играа во 2009 година, кога Кочаелиспор испадна од лигата. На последните четири меѓусебни дуели, Трабзон има три победи, а еден натпревар завршил нерешено, додека последната победа на Кочаелиспор е во 2002 година.
Предлог тип: 1 & Т1 2+ (1.93)
1859 Бохум II – Велберт (20:00)
Втората екипа на Бохум и Велберт се на последните две позиции во Западната регионална лига на Германија, па од двете екипи може да се очекува дека ќе одиграат ефикасен меч, со оглед дека досега и двете освоија само по бод. Велберт на последните шест меча играше најмалку со по три гола, односно два меча завршија со по три гола, на три натпревари имаше по четири, а на еден дури девет.
Предлог тип: 1+I&3+ (1.70)
1539 Порто – Гимараиш (21:45)
Фудбалерите на Порто ја имаат фаворитската улога во мечот против незгодниот состав на Гимараиш. Домашните на последните три немаат пораз од денешниот противник, двапати победија, а еднаш беше нерешено. Кога победуваше Порто, тоа беше во ефикасни натпревари кои завршуваа со 3-0, односно 3-1 во нивна корист. Очекувањата се слични и за вечерниот натпревар, победа на Порто и голови.
Предлог тип: 1 & 1+I&1+II (2.25)