Историско потфрлување за Трабзонспор и турскиот фудбал по вчерашната елиминација од Копенхаген во плејофот од Лигата на шампионите.
Првпат по 26 години пауза, или од сезоната 1995/96, во најелитното клупско натпреварување Турција нема да има свој претставник.
https://twitter.com/tgloban/status/1562544554670424065
Вчерашните 0-0 во Трабзон значеа дека Копенхаген е тимот кој резервира место во европската елита, а Барди и дружината се тешат со пласман во групите од Лигата на Европа.