Трабзон убаво си пазареше, ќе плати на рати за Барди

Тускиот шампион Трабзонспор денеска го очекува Енис Барди, кој веќе ги прифати и ги договори сите услови за трансфер од Леванте за сума од 3 милиони евра.

Раководството на Трабзонспор успеа да издејствува ангажман на 27-годишниот македонски репрезентативец за 3 милиони евра, што ќе ги плаќа на рати, објавија турските медиуми.

Првакот на Турција го очекува Барди денеска, кога треба да бидат завршени сите формалности, па дури се најавува дека Енис ќе биде и на тренингот со новите соиграчи.

По пет години минати во Леванте и во шпанската Ла Лига, Барди одлучи да си замине откако клубот во ланската сезона испадна од елитниот ранг на натпреварување.

Со Трабзонспор ќе има шанса да игра во Лигата на шампионите само ако успеат во завршниот квалификациски двомеч да го елиминираат Копенхаген.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести