Македонскиот репрезентативец Енис Барди спогодбено го раскина договорот со Трабзонспор шест месеци пред неговото истекување, а оваа зима како слободен агент ќе бара нов клуб. Барди има понуди за враќање во Шпанија, каде што веќе остави впечаток со настапите за Леванте, или пак да ја продолжи кариерата во Турција, но во друг клуб од Суперлигата.
Трабзонспор, како еден од најголемите клубови во Турција, на стилски начин му се заблагодари на Барди за придонесот од 2022 година, кога пристигна во тимот. Генералниот секретар на клубот, Сами Караман, му врачи плакета како знак на благодарност за сѐ што направи за клубот во текот на неговиот престој.
Во наредните денови ќе биде познато и каде капитенот на македонската репрезентација ќе ја продолжи кариерата.
Enis Bardhi’ye teşekkür plaketi
— Trabzonspor (@Trabzonspor) January 15, 2025
🔗 https://t.co/MC6HbQwKTu pic.twitter.com/tPnHx4hvUe