Најдолговечната и најмасовната обложувачка акција во Македонија, Типстер купот во Sport Life од денеска ја стартува новата сезона. Со традиција долга повеќе од 10 години и доделени неколку стана, многу автомобили и повеќе милиони денари, оваа акциска игра е предизвик за сите оние љубители на спортот кои сакаат и забава, но и можност добро да заработат. Ланската сезона на Типстер купот ја финализиравме вчера, со доделување на клучевите од станот во Скопје на најдобриот Типстер за сезоната 2022/23.
Во новата сезона која стартува денеска, правилата се добро познати за сите оние коишто во минатото биле дел од Типстер купот, но ние ќе ве потсетиме на најважните делови.
• Минимален број натпревари на тикет е шест (услов за учество во ТИПСТЕР КУПОТ е на тикетот да има минимум 6 натпревари).
• Минимална квота на еден натпревар на тикетот е еднаква или поголема од 1.50 (важи за натпреварите на тикет коишто исполнуваат услов за акциската кампања, минимум шест).
• Максимален број на тикети кои важат за акциската понуда на дневно ниво се првите пет уплатени тикети, кои го исполнуваат условот за неа.
• Важи само за несистемски тикети, со една комбинација, уплатени со приложување на СЛ Клуб картичка.
• Минималната уплата на тикет за учество во акциската кампања Типстер куп изнесува 50 денари. За сите детали околу оваа акциска игра може да прочитате ТУКА.
Типстер купот ќе биде поделен во девет месечни етапи, и тоа од септември 2023 до мај 2024 година. Секој месец првите тројца со најмногу погодени тикети во тековната Глобална месечна етапа добиваат: