Рапид Букурешт минимално со 1:0 ја победи Универзитатеа Клуж во меч од осмото коло во романското првенство. Со оваа победа Рапид остана на чело на табелата со 18 бодови (шест победи и два порази), додека гостите од Клуж остануваат без ниту една победа во сезоната и се при дното на табелата само со три бода (три нерешени и пет порази).
Голот за победа на Рапид го постигна хрватскиот напаѓач Марко Дуганџиќ, и тоа во 80-тата минута од пенал. Овој еден погодок беше доволен за радост и три бода на Рапид.
Тоа што е интересно е дека со оваа победа на Рапид од 1:0 продолжи една традиција, а тоа е тимот од Букурешт само со еден гол да ја победува Универзитатеа Клуж. Трет меч во низа Рапид со 1:0 се радува над Универзитатеа Клуж, а нашиот денешен совет беше да одиграте на ТОЧЕН резултат 1:0 за Рапид, што носеше одличен коефициент во Sport Life.