Традицијата е јасна: Федерер и Серена ќе бидат во полуфинале

Федерер – Димитров (02:30 ч.)

Дуел на двајца одлични пријатели, но кога се на теренот, победникот се знае, а тоа е Федерер. Во досегашните седум меѓусебни дуели, Швајцарецот немал милост кон Димитров и ги добил сите мечеви.

Легендарниот Швајцарец по неверојатен 56-ти пат е во четврт-финале на Гренд слем турнир. Во Њујорк по 13-ти пат ќе игра во четврт-финалето, а ќе го брка 11-тиот пласман во полуфиналето. Димитров сезонава постојано имаше проблеми со повредите, а единствено во Бризбејн успеа да стигне до четврт-финале.

Предлог тип: 1& >32,5 г. (2.00)

 

Вилијамс – Ванг (01:00 ч.)

Серена е миленичка на публиката во Њујорк. Американката дури шестпати била на тронот на Отвореното првенство на САД, а последен пат тоа се случи во 2014 година. Во кариерата, Серена има рекордни 23 трофеи на Гренд слем турнирите. За разлика од Серена, Ванг ќе го игра своето прво четврт-финале на Гренд слем турнир, и тоа во нејзиниот 21-ви настап на Големите турнири.

Кинеската сигурно ќе биде мотивирана да го покаже најдоброто, но домашниот терен на Вилијамс, како и искуството што го има на вакви мечеви е на страната на Американката. Може да се очекува меч во три сета, но фаворит останува Серена.

Предлог тип:  Точен резултат 2:1 во сетови (3.65)

 

Вила нова – Виторија (00:15 ч.)

Двете екипи се борат да се спасат од испаѓање во втората бразилска лига и имаат по 21 бод од 20 одиграни меча. Вила нова како да е специјалист за нерешени, па досега девепати ремизираше. Ако се гледаат мечевите на свој терен, Вила нова е убедливо најслабиот домаќин и досега освои само 8 бода во девет средби.

Традицијата е на страната на Виторија. Во досегашните четири меѓусебни меча, овој клуб се радувал. Во првиот дел од сезоната, Виторија дома победи со 2:1. И сега може да се очекуваат погодоци.

Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (2.70)

 

Феро – Атлетико Атланта (2.05 ч.)

Две екипи кои сосема спротивно ја започнаа сезонава во една од пониските лиги во Аргентина. Атлетико има две победи и со евентуален нов триумф, ќе биде лидер на табелата. Феро има два порази. Во пониските лиги помалку внимаваат на одбраните, па и тука може да се очекуваат погодоци, а фаворити секако се гостите.

Предлог тип:  Х2& 2-4 (2.35)

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести