Традицијата е неверојатна и открива во која минута ќе биде постигнат првиот гол на „Стемфорд бриџ“

Ова ќе биде шести дуел на овие два тима во последните две години, а од тоа што го одиграа во овој период, јасно е дека голови не смеат да изостанат и вечерва на „Стемфорд бриџ“.

Според актуелната форма на двата тима, Реал Мадрид е во многу поповолна ситуација, а Кралскиот клуб во Лондон дојде и со позитива од 2:0 по првата средба, што значи дека гостите многу помирно ќе влезат во овој дуел.

Низ историјата, во последните 10 години Реал и Челзи одиграле седум средби и има нешто што е заеднично за сите тие дуели, а тоа е времето кога се постигнува првиот погодок.

Минатата недела првиот гол беше постигнат во 21-вата минута, кога погоди Бензема. На двата меча лани што ги играат, првите погодоци паѓаа во 15-тата и 21-вата минута, а пред две години на дуелите на овие екипи во ЛШ првите погодоци беа постигнувани во 28-мата, односно 14-тата минута. На мечевите од летната Лига на шампиони во 2016 година, првиот гол беше постигнат во 19-тата минута, а на истиот турнир во 2013 година кога играа овие ривали, првиот погодок беше во 14-тата минута.

Тоа значи дека според традицијата, кога играат Реал и Челзи, првиот погодок е во период од 14-тата до 28-мата минута.

Во Специјалниот сингл на Sport Life има и други одлични понуди, а Карим Бензема е главен фаворит за стрелец на првиот гол. Тука се и игрите поврзани со статистиката, па може да се обложите на тоа колку вкупно корнери ќе има во првото полувреме или на крајот од средбата, бројот на жолти картони, офсајди и фаули, како и бројот на удари кон голот и во рамките на головите на двата тима.

Мала е веројатноста да има црвен картон, а комбинација Челзи да добие пенал, а Реал Мадрид црвен картон носи огромна квота од 13.

- Оглас -

Најнови вести