10.8 C
Skopje
недела, 25 јануари 2026

Традицијата е против Новак, никогаш не освоил гренслем кога негов ривал му предал меч

Новак Ѓоковиќ без осминафинална борба се пласираше во четвртфиналето на Австралијан опен, Чехот Јакуб Меншик се откажа поради повреда на мускулот и му дозволи на српскиот тенисер да добие слободен ден.

Ова значи дека Новак ќе има дури четири дена помеѓу двата натпревари во Мелбурн, а следниот меч треба да се игра во среда со подобриот од дуелот помеѓу Лоренцо Музети и Тејлор Фриц.

Она што не е добро за Новак, тоа е традицијата дека нема освоено гренлем кога поминувал некое коло без да земе рекет в рака.

Првиот пат беше во 2011 година на Ролан Гарос, во четвртфиналето, Фабио Фоњини се повлече поради исцрпеност и повреда. Ноле во тоа издание стигна до полуфиналето.

Вториот случај беше на Отвореното првенство на САД, во второто коло од турнирот одигран во 2016 година. Јиржи Весели се откажа еден час пред почетокот на натпреварот, поради проблеми со зглобот. Интересно е што таа година во Њујорк, и Михаил Јужни и Жо-Вилфред Цонга му се предадоа на Ѓоковиќ (тие мечеви почнаа да се играат, но беа прекинати предвреме), а тој не го освои трофејот, во финалето беше поразен од Стен Вавринака.

Третиот и последен пат во следната рунда Новак без борба беше во 2024 година на Вимблдон. „Жртвата“ беше Алекс Де Минор во четвртфиналето. Ни тогаш најуспешниот во историката не го освои трофејот, во финалето беше надигран од Карлос Алкарас.

 

- Оглас -

Најнови вести