Традицијата и суперкомпјутерот на иста страна, Ливерпул ќе ја освои Премиер лигата

Ливерпул и покрај киксот во градското дерби против Евертон, кога освои само еден бод, има убава предност од +7 пред Арсенал на првото место, а во Премиер лигата остануваат уште 14 кола.

Карамелите малку ја искомплицираа шампионската трка во која Ливерпул е виден како победник, но традицијата и познатиот суперкомпјутер не мислат дека ќе има драма.

Само двапати во историјата на Премиер лигата, тимови загубиле седум бода предност на 14 кола до крај. Интересно дека тие малери биле токму Ливерпул и Арсенал.

Суперкомпјутерот на „Опта“ му дава на Ливерпул 88,3 отсто шанси да ја прослави својата 20-та титула шампион на Англија на крајот од сезоната, додека на второпласираниот Арсенал му се дадени само 11,6 отсто.

Распоредот на Ливерпул и Арсенал е незгоден, а овие екипи ќе се сретнат и меѓу себе на 10 мај на „Енфилд“, на три кола до крајот.

Ливерпул последен пат беше англиски шампион во 2020 година, а Арсенал во 2004 година.

- Оглас -

Најнови вести