Традицијата најавува победа на Манчестер Сити на „Сент Џејмс парк“

Во Англија се играат дел од мечевите од вонредно коло во Премиер лигата, а не изостанува и понуда од куповите кои се од земјите во кои се игра добар фудбал. Тоа се настаните кои ви ги предлагаме да ги играте денеска и да се обложите во уплатните места на SPORT LIFE. Ви нудиме и мини-анализи за секој од петте меча одделно.

 

Бенфика – Боависта (20.00 часот)

Бенфика има пет бода помалку од лидерот Порто, па не смее да помисли на друго освен на победа против Боависта, која има три порази по ред и се наоѓа на 15-тото место на табелата, малку над опасната зона. На последните два меѓусебни меча помеѓу овие екипи на стадионот „Луж“, паднаа вкупно 10 гола.

Предлог тип: 1 & 2-4 (1.90)

 

Милан – Наполи (20.45 часот)

Ова ќе биде втор дуел на овие екипи за неколку дена. По ремито без голови викендов, прашање е дали сега може да биде поефикасно бидејќи амбициите во Купот не се преголеми, па може да играат пооппуштено и со одредени измени во составите. Наполи на последните девет меча прими само пет гола, а Милан два на седум меча.

Предлог тип: 1-2 I& 1-2 II (2.80)

 

Њукасл – Манчестер сити (20.30 часот)

Ако победи, Сити ќе дојде само на еден бод од Ливерпул и ќе му направи притисок на лидерот кој игра утре. Сепак, гостите мора да бидат претпазливи бидејќи кикс кај Њукасл може да значи и голем минус во трката за титулата. Верувале или не, Сити има 22 меча по ред (19 победи и три ремија) без пораз од Њукасл.

Предлог тип: Т2 1+I & Т2 3+ (2.15)

 

Валенсија – Хетафе (21.00 часот)

Хетафе на првата средба славеше минимално со 1-0, сега „лилјаците“ се на потег пред своја публика. Валенсија имаше добра увертира викендов, го победи Вилјареал со 3-0, а Хетафе загуби со 0-2 од Атлетико, и тоа се резултати кои би го елиминирале мадридскиот тим од Купот. Валенсија дома има седум победи и две ремија на последните девет меча.

Предлог тип: 1 (1.90)

 

Арсенал – Кардиф (20.45 часот)

По поразот во ФА купот, Арсенал се врати на победничкиот пат и го совлада Челзи, па води борба за место во европските купови. Велшаните се во зоната на испаѓање, а разнишани се и со трагедијата на несуденото засилување Сала. И традицијата е на страна на „топчиите“, кои во трите премиерлигашки мечеви со Кардиф секогаш давале барем два гола.

Предлог тип: 1-1 (1.70)

- Оглас -

Најнови вести