Традицијата не ги милува каталонците, никогаш не освоиле ЛШ кога не биле прваци на Шпанија

Барселона во својата клупска историја има пет титули европски првак, и сите пет ги освојуваше во сезони во кои каталонците беа прваци во шпанската Ла Лига. Ако оваа традиција продолжи, има шанса за Наполи вечерва да ги елиминира Лионел Меси и другарите.

Барса е фаворит на „Камп Ноу“, откако извлече 1-1 во Неапол во февруари, но тимот на тренерот Кике Сетјен е под голем притисок да ја освои ЛШ, за да се покријат сите други разочарувања. Шпанската лига не е освоена и тоа не е добар знак за нив.

Последната европска титула на Барса беше пред пет години, а првата пред 28 години. Во 1992 година, Барселона со Јохан Кројф на клупата првпат ја освои ЛШ, а среќно дојде до титула и во домашното првенство, благодарение на киксот на Реал Мадрид кај Тенерифе во последното коло.

- Оглас -

Најнови вести