9.8 C
Skopje
петок, 7 ноември 2025

Традицијата покажува кој може да биде точен резултат на еден од предлозите, Албанија секогаш е сигурица за 0-2 гола

6754 Австрија – Шведска (20:45 ч.)

Пред три дена, Австрија одигра 1:1 на гости кај големиот ривал Белгија, па сега на свој терен ќе атакува на триумф против Шведска. Доколку успее да победи, Австрија ќе биде чекор поблиску до ЕП 2024, што е дополнителен мотив за домаќините.

Шведска е во добра форма и има шест победи во последните седум средби, но Австрија не ѝ е баш омилен ривал. Двете селекции негуваат офанзивен фудбал и треба да има погодоци.

Предлог тип: 1Х&2-4 (1.95)

 

6759 Фарски Острови – Албанија (20:45 ч.)

Дуел на две селекции на коишто главен приоритет им е да не примат гол. Албанија игра цврсто, дисциплинирано во одбраната и сигурно дека на Фарските Острови ќе им биде тешко да се надеваат на освојување бодови.

Овие две селекции немаат играно меѓу себе, а гостите се фаворити. Албанија на девет од последните 12 средби одиграла со 0-2 гола.

Предлог тип: 0-2 гола (1.54)

 

6758 Норвешка – Кипар (20:45 ч.)

Норвежаните се големо разочарување во квалификациите и имаат само еден бод од три кола, па веќе делуваат како да се далеку од ЕП 2024. Кипар е најслабиот ривал во нивната група и реално Ерлинг Халанд и дружината лесно треба да стигнат до првиот триумф.

Во 10 досегашни меѓусебни дуели, Норвешка секогаш победувала. Последните три средби завршувале со по 2:0, а пред тоа двапати било по 3:1, податоци за оние коишто веруваат во традицијата и сакаат да одиграат на точен резултат.

Предлог тип: 2:0 точен резултат (5.45)

 

6760 Шкотска – Грузија (20:45 ч.)

Шкотите се во еуфорија затоа што имаат три победи во три меча, меѓу кои се вредните триумфи над Шпанија дома и кај Норвешка на гости. Сепак, и Грузија е во добра форма, селекција којашто има само еден пораз во последните 15 средби.

Кога овие селекции играле меѓу себе, во четирите пресметки секогаш победувал домаќинот. Ова треба да биде дуел со погодоци во двете полувремиња.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.01)

 

5621 Судан – Мавританија (20 ч.)

Драматично е во квалификациите за пласман на Африканскиот куп на нациите. Во оваа група, ДР Конго и Габон имаат по 7 бода од пет меча, а Судан (6 бода) и Мавританија (5 бода) имаат 4 средби, што значи дека победникот од денешниот дуел би бил лидер во групата.

Во еден ваков тврд меч не треба да има повеќе од еден погодок во двете полувремиња.

Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (1.65)

- Оглас -

Најнови вести