Карлос Алкарас со победа стартуваше на Мастерс турнирот во Синсинати, откако со 2-1 го совлада Дамир Џумхур. Она што е интересно за двобоите на овие двајца тенисери, Босанецот секогаш успева да освои сет против Алкарас, но не успева да го победи.
Така беше на нивните пресметки на Ролан Гарос оваа година (3-1) и на турнирот во Барселона (2-1) во 2020 година.
Денешниот меч започна одлично за Алкарас, кој го освои првиот сет со убедливи 6-1, но босанскиот тенисер возврати со 6-2 во вториот. Шпанецот се врати од шокот и го доби третиот сет со 6-3.
Шпанецот е втор носител на турнирот во Синсинати, додека прв фаворит е Јаник Синер.