Традицијата продолжува: Баерн и 20-та сезона по ред победува на првиот натпревар во ЛШ

Екипата на Баерн Минехн и 20-та сезона по ред отвора со победа во групната фаза на Лигата на шампионите. Последен пат Баварците загубиле на првиот натпревар во 2002 година, кога беа поразени од Депортиво ла Коруња.

Серијата победи започна во 2003 година, кога во првото коло Баерн го победи Селтик со 2-1. Баварците на претходните 19 натпревари има импресивна гол-разлика од 47 дадени и само два примени погодока, а со денешната победа над Манчестер јунајтед дојдоа до гол-разлика од 51-5.

Сепак, трите погодоци кои вечерва им ги дадоа Црвените ѓаволи на „Алијанц арената“ сè повеќе отколку сите погодоци заедно кои ги примиле на 19-те дуели претходно.

- Оглас -

Најнови вести