Фудбалерите на Рома се во одлична серија од пет првенствени натпревари по ред без пораз, а три од нив се победи. Последната дојде вечерва, откако на домашен терен ја совладаа Џенова со 3-1. Довбик, Ел Шарави и автоголот на Леали беа доволни за нови три бода, додека единствениот гол за Џенова беше дело на Масини.
Тоа би значело дека традицијата во меѓусебните дуели на овие две екипи продолжува, па Џенова и после 35 години останува без победа на „Олимпико“ во дуелите против Рома. Последната победа датира од 1990 година, кога Џенова се радуваше со 0-1.