Традицијата продолжува – Кампот пред Вимблдон пак е хит, илјадници фаќаа ред за билети за настапите на Ѓоковиќ, Мареј, Радукану… (Видео)

Традицијата на лондонскиот гренслем продолжува и повторно голем број тениски фанови кампуваа пред комплексот терени на Вимблдон со цел да купат билети за првиот ден и за да имаат можност да ги гледаат своите миленици: Новак Ѓоковиќ, Енди Мареј, Ема Радукану…

Ги има од Англија, но и од странство, а желбата беше да се присуствува на премиерниот ден од турнирот, на кој, за жал, веќе има два прекини поради дожд.

Кампувањето пред тенискиот комплекс на Вимблдон е традиција и редовен начин за да се фати ред за билети и да се присуствува на неофицијалното светско првенство во тенис, како што се нарекува гренслемот во Лондон.

 

- Оглас -

Најнови вести