15.8 C
Skopje
четврток, 10 јули 2025

Традицијата вели Барса ќе го елиминира Наполи

Со нерешен резултат на првиот меч во Неапол како да се задоволија и Наполи и Барселона, па реваншот на „Монжуик“ на 12 март ќе решава кој од нив ќе оди во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Ако се погледнат историјатот и традицијата, понатаму ќе оди Барса.

Каталонците 15-пати играле нерешено на гости на прв меч од нокаут-фаза во елитното европско натпреварување, а 13-пати оделе понатаму. По реми на гости, Барса дома била елиминирана само од ЦСКА Москва во 1992 и Јувентус во 2003 година.

Од друга страна, Наполи во европските купови никогаш не се пласирал понатаму откако првиот меч дома го одиграл нерешено. Да биде белјата поголема, од тие шест такви случаи, дури три им биле против Барса, од која секогаш губеле на реваншот по реми на првиот дуел во Неапол.

- Оглас -

Најнови вести