Традицијата вели чиста двојка, Барса гостува кај тим против кого има 13 победи на последните 14 соочувања

Лидерот на табелата во шпанската лига, Барселона, вечерва од 21.30 часот гостува кај Мајорка, против тим кој на Каталонците им е „постојан муштерија“.

Барса на последните 14 меѓусебни дуели против Мајорка има 13 победи и еден нерешен исход. Последната победа на Мајорка над Каталонците беше пред 14 и пол години, во мај 2009. Во 2010 одиграа нерешено, а оттогаш наваму Барса има тотална доминација. Квотата во Sport Life за победа на фаворитот е солидна и ако верувате во традицијата, треба да уплатите.

Освен традицијата, на страната на Барселона се и квалитетот и моментната форма. Барса на последните шест меча во сите натпреварувања даде дури 21 гол.

Инаку, Барселона вечерва против Мајорка ќе игра во бели дресови, нешто што не им се допаѓа на фановите бидејќи белата боја е симбол на ривалот Реал Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести