Традицијата вели дека Бриж и Беневенто ќе победат

1709 Лориен – Лил (21.00 часот)

Лориен и Лил имаат ист биланс по четири кола, двата тима имаат по една победа и пораз, како и две ремија, со тоа што овој учинок е многу незадоволителен за Лил кој е актуелен првак на Франција. Во минатата сезона, Лил на двата меча против Лориен даваше по четири гола. Репрезентативната пауза им даде доволно време за подготовка на домашните. Лил одигра нерешено на двете гостувања сезонава, а Лориен играше еднаш дома и победи.

Предлог тип: 13 I & 1-3 II (2.15)

 

1655 Клуб Бриж – Остенде (20.45 часот)

Бриж тешко настрада против Гент во минатото коло и веќе не е првопласиран на табелата во белгискиот шампионат. Од друга страна, Остенде има два порази по ред, а пред тоа имаше три победи едноподруго. Остенде сезонава нема нерешен резултат. Двата тима примија по 11 гола во овие шест кола. Традицијата е апсолутно на страна на домашните. Остенде само во 2016 година извлекол нерешено, на сите други гостувања кај Бриж губел.

Предлог тип: 1 & 2-4 (2.17)

 

2802 Брондби – Силкеборг (20.00 часот)

Ова е дуел на екипи кои сезонава често играат нерешено. Од првите седум кола во данската лига, и Брондби и Силкеборг имаат по четири ремија. На мечевите на Силкеборг не паѓаат толку голови како кога игра Брондби, па статистички можеби најреален резултат тука би било 1-1. Но, традицијата го фаворизира домаќинот. Силкеборг примаше 3 или 4 гола на секое од последните четири гостувања кај Брондби.

Предлог тип: 1Х & 2-4 (1.81)

 

1011 Бирмингам – Дерби (21.00 часот)

Кај овој пар, показателите најавуваат неефикасен меч. Дерби во пет кола во Чемпионшип има гол-разлика 4-4, а Бирмингам има 7-3 и тоа е тим со најмалку примени голови. Дерби има поголеми проблеми околу составот, на листата на повредени им е и познатиот турски натурализиран интернационалец Казим Ричардс. Ниту е Бирмингам многу опасен домаќин, ниту Дерби има специјални резултати на гостувањата. Она што е интересно, е дека Дерби не загубил од Бирмингам уште од март 2013 година и секогаш дава гол.

Предлог тип: 0-2 гола (1.59)

 

3011 Беневенто – Лече (20.30 часот)

Вештерките сезонава во Серија Б тргнаа со по една победа и пораз, а Лече уште нема победа, даде само еден гол и освои еден бод во двете кола. Нема да им биде лесно да се вратат во елитното друштво. Беневенто пред четири дена го уништи Наполи (Наполитанците играа без играчите кои се репрезентативци на своите земји) со 5-1 во пријателски меч. Последните три меѓусебни дуели на овие тимови во Беневенто завршија со 3+ голови.

Предлог тип: 1 & 3+ (3.55)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести