2605 Хамерби – Халмштад (17:30 ч.)
Две екипи кои се на средината на табелата во Шведска, но факт е дека Хамерби игра доста сигурно на свој терен, а Халмштад има три порази од четири гостувања. Шведското првенство имаше пауза поради настапот на репрезентацијата на ЕП, па ова е прво коло по пауза од повеќе од еден месец.
Традицијата на дуелите на овие два тима вели дека ќе има погодоци и последните пет средби секогаш било гол-гол 3+.
Предлог тип: ГГ3+ (2.35)
2504 Лилесторм – Мјондален (18 ч.)
Домашниот терен треба да е предност за Лилесторм затоа што во досегашниот дел од норвешкото првенство има три победи во четири средби. И традицијата против Мјондален вели дека овој тим на последните три гостувања кај Лилесторм, секогаш губел (5:1, 3:2, 3:0).
На осум од последните девет меѓусебни меча имало барем три погодоци, а само еднаш дуелот завршил со 2:0, што е најава и за ефикасен меч.
Предлог тип: 1&3+ (3.25)
2702 Марихам – ХИФК (17:30 ч.)
Неверојатно лоша е серијата во која е влезен тимот на Марихам. Седум порази на последните седум меча во првенството на Финска и тоа без ниту еден даден гол. Вкупно, повеќе од 700 минути трае агонијата на Марихам да се израдува на погодок.
ХИФК е екипа која игра променливо, а најважно им е да не примат гол. Ако се знае дека двете екипи не се многу умешни во нападот, тогаш најреално е да нема многу погодоци на овој дуел.
Предлог тип: 0-2 (1.65)
3701 Парну ЈК Вапрус – Транс Нарва (18 ч.)
Домаќините се најслабиот тим во Естонија и со само осум освоени бода во 15 меча, заслужено с ена дното од табелата. Парну има очајна одбрана и досега прими 44 погодоци, што во просек е три по меч. И Транс Нарва не може да се пофали со добра форма затоа што загуби на пет од последните шест средби, но токму овој меч за гостите е надеж за повторно да се вратат на победничка патека.
Предлог тип: 4+ (2.03)
3535 Динамо Брест – Руш Брест (19 ч.)
Градско дерби на кое гостите ќе бидат во улога на фаворити, но последните три дуели покажуваат дека Динамо има три победи. Динамо сезонава стана експрт за нерешени и дури осум пати во 14 средби одигра без победник. Тоа е тимот што ја има втората најцврста одбрана со само девет примени погодоци.
Динамо сигурно ќе сака да ја продолжи позитивната традиција против градскиот ривал, но сепак не треба да се потцени добрата форма на Руш, тим кој има пет победи и едно реми на последните шест дуели.
Предлог тип: 1Х&0-3 (2.40)