Македонија денеска од 18 часот го игра еден од најважните мечеви во својата историја. На „Тодор Проески“ гостува Исланд, а победа на Македонија ќе значи историски пласман на второ место во едни квалификации за пласаман на големо натпреварување и влез во бараж за Светско првенство.
Македонија и Исланд досега имаат одиграно пет меча, а билансот е на наша страна. Имаме две победи, две нерешени и само еден пораз. Двата триумфи Македонија ги има токму на мечевите во Скопје, додека на гости имаме две нерешени (1:1, 2:2) и еден пораз од 1:0.
Во далечната 1997 година, Македонија со голот на Ѓорѓи Христов стигна до победа над Исланд, а 12 години подоцна, односно во јуни 2009 година, нашите репрезентативци со 2:0 го победија Исланд. Стрелци на головите во таа победа беа Ацо Стојков и Филип Ивановски.
Сега, повторно 12 години по последниот меч, Рибарите гостуваат во Скопје, па посакуваме да продолжи перфектната низа на Македонија кога е домаќин на Исланд.