Возбудувањата на Европското првенство во кошарка ќе продолжат денеска со шест меча од првото коло, а дербито треба да биде меѓу Грција и Италија.
Грција и Италија имаат долга историја на ривалство, а интересно е дека четири од последните пет меча завршувале со не повеќе од четири разлика, што само потврдува дека се работи за неизвесни пресметки. Два пати од последните осум меча на овие ривали, победникот се решавал по продолжение.
Интересно треба да биде и на мечот меѓу Словенија и Полска. Во играта на Словенија многу работи ќе зависат од тоа како ќе одигра Лука Дончиќ кој е носител на играта. Словенија има четири победи во последните пет меча со Полска, но Полјаците се радуваа на последната пресметка.
Во понудата на Sport Life има дури 50 кошаркари за играта „плус-минус“ поени.