Традицијата вели дека првиот гол ќе биде по 60-тата минута, а коефициентите за такво нешто се двоцифрени

Во три меча кои ги имаат одиграно Ливерпул и Интер во Лигата на шампионите, италијанскиот тим нема дадено ниту еден гол. Во 2008 година, Ливерпул победи со 2:0 и 1:0, а пред три недели, на „Џузепе Меаца“, англискиот гигант победи со 2:0.

Ливерпул е во фантастична серија од 12 победи по ред, а тимот на Јирген Клоп нема ниту еден пораз во 2022 година. Интер игра променливо, па во последните шест средби има само една победа. Тимот немаше дадено гол повеќе од 450 минути, но на последниот дуел против Салернитана, Нераѕурите се разиграа и победија со 5:0.

Во Sport Life има одлична понуда на Специјален сингл за ова дерби од Лигата на шампионите. Ќе биде вистинско чудо ако Интер победи на „Енфилд роуд“, каде што Ливерпул е посебно опасен.

Според традицијата и моменталната форма, логично е домаќините први да постигнат погодок. Најголеми шанси се даваат Мохамед Салах да биде стрелец на првиот гол, а тука се и Жота, Дијас, како и Мане. Ако Интер го постигне првиот гол, тоа треба да го направи Лаутаро Мартинес, Един Џеко или Алексис Санчес.

Постојат и комбинации Ливерпул да победи, а Салах да постигне гол или некој друг од домашниот тим. За Интер да слави, а Лаутаро да е стрелец, коефициентот е дури 9.50.

Може да се обложувате и на вкупен број корнери во првиот дел, колку корнери ќе има еден од двата тима, а истата понуда ја има и за жолтите картони. Може да се обложите и на тоа во кој период ќе биде постигнат првиот гол или колку удари ќе има кон противничките голови.

Поголеми се шансите Ливерпул да добие пенал, а Интер има поголеми шанси да добие црвен картон.

На досегашните три меча, Ливерпул победува, а секогаш на полувреме било 0:0. Првиот гол што најрано бил постигнат е во 64-тата минута, на дуелот кога Ливерпул победил со 1:0. Пред три недели, Ливерпул двата гола ги даде во последните 15 минути.

Во понудата за првиот гол да биде постигнат од 61-70 минута коефициентот е 13, за првиот гол за биде од 71-вата до 80-тата минута, квтотата е 15, а за прв гол во последните 10 минути коефициентот е дури 17. Ако се следи традицијата, вреди да се бркаат овие големи квоти.

- Оглас -

Најнови вести