Германија, која е домаќин на Европското првенство, е апсолутен фаворит за победа против Унгарија. Домашните фанови се во еуфорија откако Панцерите убедливо со 5:1 славеа над Шкотска во мечот со кој се отвори континенталниот собир.
Сепак, ако се погледне традицијата од последните неколку меча, Унгарија е незгоден ривал за Германија. Во последните три години овие две селекции имаат одиграно три меча, а Германија нема ниедна победа. Пред две години Унгарија се радуваше на гости во Лајпциг со 1:0, а една година претходно одигра 2:2 на „Алијанц арената“ во Минхен. Нерешено, но со резултат 1:1 заврши дуелот во Будимпешта.
Тоа што е интересно од последните три меча е дека секогаш Унгарија прва постигнува гол, и тоа секогаш во почетните 10-тина минути. Дефанзивецот Атила Салаи во два од тие три дуели е стрелец на првиот гол.
Сепак, сега ситуацијата е поинаква. Влогот е многу поголем. Се игра ЕП, а Германија е домаќин и едноставно се очекува триумф на домаќините кои атакуваат на првото место во групата, кое треба да им даде пол-позицијата во пресрет на нокаут-фазата.
Стандардно за овој меч во понудата на Sport Life има огромна понуда и за статистичките игри, па може да броите колку вкупно корнери ќе бидат изведени, колку удари на голот ќе бидат упатени, колку фаули ќе бидат направени и бројот на жолти картони.