1003 Манчестер сити – Нотингам ф. (20.30 часот)
Граѓаните имаат добра прилика конечно да излезат од големата криза и да ја прекинат серијата од четири порази по ред во Премиер лигата. Шумарите имаат само еден бод помалку од Сити, тие се тим со една од најдобрите одбрани во лигата, па нападот на првакот ќе биде ставен на тест. Во минатата сезона Сити двапати го победуваше Нотингам со по 2-0, но во моментов тимот на Гвардиола е во огромна криза и ќе мора добро да се помачат ако сакаат да победат и да не паднат уште подолу на табелата од петтото место на кое се во моментов.
Предлог тип: 1 & 2+ второ (2.50)
1005 Њукасл – Ливерпул (20.30 часот)
Според резултатите и формата, гостите се големи фаворити и би била сензација ако не победат. Но, опасноста за Црвените е да не се опуштат од серијата одлични резултати и овој меч ќе им биде тежок од психолошки аспект. Ливерпул има низа од осум меча по ред во сите натпреварувања на кои дава два или повеќе гола. Минатата сезона Ливерпул двапати го победуваше Њукасл, а и Чавките даваа гол(ови). Њукасл девет години не знае за победа над Ливерпул.
Предлог тип: Х2 & 2-4 (1.85)
2850 Лајпциг – Ајнтрахт (20.45 часот)
Ова е средба од осминафиналето на Купот на Германија и се игра само еден меч, нема реванш. Кај Лајпциг долга е листата на повредени, а на таа листа на играчи кои нема да може да настапат вечерва е и Елмас. Црвените бикови се во голема криза, повеќе од еден месец немаат победа, се спомнува и можна промена на тренерот ако продолжат вака, а од друга страна, Ајнтрахт реди победи на сите фронтови и можеби е благ фаворит на ова гостување.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.85)
1302 Атлетик Б. – Реал Мадрид (21.00 часот)
Реал е под притисок дека мора да победи за да го задржи чекорот со водечката Барселона, но задачата на Кралевите нема да им биде лесна, ова е едно од најтешките гостувања во шпанската лига. Покрај тоа, Билбао е во налет, има две победи по ред и низа од шест лигашки мечеви без пораз. Кај Реал се враќа Чуамени, но кај гостите ќе фалат Камавинга и Винисиус, како и Карвахал и Милитао, кои се во аут на подолго. Последниот пораз на Билбао дома беше во август од Атлетико. Сепак, традицијата е на страната на гостите, последниот пораз на „Сан Мамеш“ им беше во март 2015 година.
Предлог тип: Х било кога (1.81)
1106 Арсенал – Манчестер ј. (21.15 часот)
Дерби си е дерби, Арсенал ќе треба да одигра добро и да победи ако сака да остане втор на табелата. Јунајтед има серија од четири меча без пораз и е само на три бода зад зоната на табелата која води во европските купови. Кај Манчестер суспендирани се Лисандро Мартинес и Мејно. Топчиите се „распукани“ во последно време, на претходните два меча даваа по пет гола, а Манчестер јунајтед даде 7 и ова е најава за ефикасен меч. Црвените ѓаволи седум години не знаат за лигашка победа на „Емирејтс“.
Предлог тип: ГГ & 1+I (2.35)