Реал Мадрид со перфектни пет победи од пет меча го чека гостувањето кај градскиот ривал Атлетико. Кралскиот клуб игра одлично и во просек дава по два гола, а има добра одбрана.
Атлетико Мадрид се надева дека пред своите навивачи ќе се радува, иако вистинска реткост е Јорганџиите да бидат подобри од големиот градски противник
Џуд Белингам е вистинско освежување за Реал Мадрид и досега даде пет гола, а за да погоди новото засилување на Кралевите и вечерва квотата е дури 4, а за тоа да биде прв стрелец коефициентот е огромен и изнесува дури 9.
Мората, Родриго, Гризман, Хоселу, Гарсија, па дури и Кореја се со подобри шанси од Белингам кога се работи за стрелец на погодок.
За оние кои сакаат статистики, тука се и игрите за прв или последен корнер, прв жолт картон, дали ќе има црвен картон, пенали и кој ќе направи прва замена. Тука е и играта за бројот на корнери во текот на целата средба.
Неверојатно делува фактот дека на шест од последните осум, првиот погодок на градските дерби дуели се постигнува во периодот од 11 до 20 минута. За сега така да биде, квотата е точно пет.