Традицијата вели дека вреди да се „брка“ 4+ на дуелите на кои Шкендија и Шкупи се домаќини

Четири меча се играат денеска во фудбалската Прва лига на Македонија, а сите средби се дел од понудата во Sport Life. Според понудените квоти, на сите четири натпревари треба да доминираат домаќините.

Триото кое се бори за титулата треба да освои лесни бодови. Шкендија дома игра против последнопасираната Победа. На последните четири дуели меѓу овие две екипи, тетовци лесно победувале, а дури три пати имало 4+ голови. За 4+ да е и денеска кввотата е одлична и изнесува 2.30

Шкупи против Скопје не треба да има проблем, а и за дуелите на овие две екипи карактеристично е дека чаирчани на три од последните четири победи победуваат, а на крајот резултатот е со барем четири погодоци. Дури 2.75 е квотата за сега да биде 4+.

Лидерот на табелата, Струга Трим Лум игра против Академија Пандев, а струмичани покажаа дека може да бидат опасен ривал, иако се на деветото место на табелата. Токму затоа, од сите четири меча, Струга ТЛ има највисок коефициент за победа.

Брегалница во Штип игра против Тиквеш, а квотата за победа на домаќините е 1.58.

- Оглас -

Најнови вести