Европскиот првак Реал Мадрид е исправен пред огромен предизвик, мора да ја надомести негативата од три гола (0-3) од првиот меч во Лондон ако сака да го елиминира Арсенал и да го продолжи патот кон одбрана на титулата во Лигата на шампионите. Кралевите се надеваат на ново чудо, а се бодрат со факти од традицијата кои им одат во корист.
Еден интересен податок е врзан за Едуардо Камавинга. Имено, кога Французинот ќе постигне гол за Реал Мадрид, тимот на следниот меч од ЛШ прави „луд“ пресврт. Тоа се случи на мечот против ПСЖ во Лигата на шампионите откако Камавинга даде гол претходно во Ла Лига.
Камавинга и изминатиот викенд беше стрелец за Реал во триумфот над Алавес (0-1) на гости, а следниот меч за гигантот од Мадрид е токму вечерва, против Арсенал на „Сантијаго Бернабеу“.
Кралевите имаат направено неколку неверојатни пресврти во Лигата на шампионите на домашен терен…
