Питсбург стилерс – Синсинати бенгалс (американски фудбал, НФЛ-лига, 02.15 часот)
Ова е дуел на два тима кои се во многу лоша форма и сезонава немаат победа. Питсбург има вкупно четири, а Синсинати пет порази по ред. Ако сте следбеници на традицијата, тогаш не може да играте ништо друго освен единица. Стилерс ги доби последните осум дуели против Бенгалс. Последната радост на Синсинати на гостување во Питсбург датира од 1 ноември 2015 година. Не веруваме дека баш сега ќе го прекинат четиригодишниот пост во пресметките со Питсбург кој дома има три порази на последните десет меча.
Предлог тип: 1 (1.55)
Гојас – Крузеиро (фудбал, Бразил 01.00 часот)
Екипата на Гојас ќе се обиде за првпат да врзе три првенствени победи по ред. Во добра форма се, имаат три победи по ред (две во лигата и една во купот) и тоа без примен гол. Крузеиро нема победа од 2 септември наваму, па затоа и се раздели со тренерот Сени. Крузеиро игра многу лошо на гости, не победил од март, но има супер традиција на гостувањата кај Гојас. Се радуваше на последните четири гостувања таму, додуша последниот пат пред четири години.
Предлог тип: 1 (2.60)
Колон – Аргентинос јуниорс (фудбал, Аргентина 02.10 часот)
Аргентинос јуниорс е тим кој по првите седум кола во аргентинската Суперлига, уште не знае за пораз (четири победи и три нерешени). Само уште Бока јуниорс и Росарио се непоразени. Колон е 19-ти на табелата од 24 тима во лигата и бодовите му требаат за помирно да влезе во следните дуели. Последните пет пресметки на овие тимови во сите натпреварувања завршија со еден до два гола. Во јули, во Копа Судамерикана гостите славеа со 1-0.
Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (2.90)
Форталеса – Ботафого (фудбал, Бразил, 01.00 часот)
Форталеса го ангажираше легендарниот голман Рожерио Сени за тренер и против Ботафого, кој е во златната средина, почнува битка за опстанок. Домашните имаат само три бода плус во однос на опасната зона на табелата. Мотивите на Форталеса ќе бидат силни. Овој тим дома има три порази на последните четири меча и секогаш беше 0-2 гола. Но, на нивните последни дуели со Ботафого пред 13-14 години паѓаа четири, односно пет гола.
Предлог тип: 1Х & 1-3 (1.80)
Индепендиенте дел Валје – ЛДУ Кито (фудбал, Еквадор, 02.30 часот)
Победа за Индепендиенте, па и реми, ќе значи сигурен пласман во плејофот. Кито освои 13 од можните 15 бода во последните пет кола, па и тие се блиску до гарантирано место во разигрувањето на титулата во кое ќе учествуваат осумте најдобри. Последните девет меѓусебни дуели на овие тимови кога Индепендиенте бил домаќин завршувале со голови на двете страни, а и вечерва треба да се очекува отворен фудбал.
Предлог тип: ГГ (1.78)