Традиционална групна фотографија: Македонија е подготвена за ЕП! (фото)

Македонската фудбалска репрезентација ја направи традиционалната фотографија пред стартот на Европското првенство, кое ќе биде прво и историско за нас.

Фудбалерите позираа со старите дресови кои досега ги носеа, што е потврда дека токму со нив ќе настапат на големото натпреварување.

Дебито на Рисовите како што е веќе познато е предвидено за в недела 13 јуни (18:00ч) , кога избраниците на Ангеловски ќе се соочат со Авсрија на Националниот стадион во Букурешт.

- Оглас -

Најнови вести