Трагедија: Фудбалер колабираше на терен, почина на пат кон болница

Фудбалерот Мустафа Сила, почина вчера на пат кон болница, откако колабирал за време на натпревар во шампионатот на Брегот на Слонова Коска.

„Мустафа Сила (21 година) почина во неделата додека итно беше пренесен во болница“, соопшти фудбалската федеравија на Брегот на Слонова Коска.

Тој колабирал за време на натпреварот меѓу Расинг Абиџан и Сол, а откако била извршена реанимација на теренот, лекарите одлучиле итно да го превезат во болница. Но, на пат кон болницата, Сила починал.

 

Официјалните лица бидејќи не знаеле за состојбата на Сила, одлучиле натпреварот да продолжи откако фудбалерот бил изнесен од теренот.

- Оглас -

Најнови вести