Голема трагедија го потресе спортскиот свет, особено Италија, откако се дозна за трагичната смрт на 18-годишната одбојкарка Јулија Итума.
Итума со нејзиниот тим Игор Новара синоќа загуби во полуфиналето на Лигата на шампионите од турскиот Еџзаџибаши, а трагедијата се случила рано утрово. Јулија паднала од прозорецот од шестиот кат на хотелот во Истанбул во кој биле сместени одбојкарките од Италија.
Засега не се знае со сигурност дали е самоубиство или нешто друго. Турските медиуми објавија дека според снимките од камерите, Итума извршила самоубиство во 5.30 часот.
Шпанката Лусија Варела, која била во иста соба со Итума, изјавила дека ништо не слушнала и дека спиела додека се случила трагедијата, а се разбудила кога дошла полицијата.
Јулија беше родена во Милано во 2004 година, нејзините родители се од Нигерија, но таа играше за младата репрезентација на Италија. Синоќа против Еџзаџибаши имаше два поена.
Инаку Итума лани во септември играше во Скопје и беше МВП на Европското првенство за одбојкарки до 19 години, на кое Италија освои златен медал.
Еве ја снимката која покажува дека Јулија синоќа сама се шетала низ ходникот и плачела пред врата:
Igor Gorgonzola Novara'nın 18 yaşındaki oyuncusu Julia Ituma’nın son görüntüsü.
Oyuncunun intihar ettiği ihtimali var. #juliaituma #juliaitumanovara pic.twitter.com/IbmxSfbznr
— Mehmet Batuhan Ağır (@mbatuhanagir) April 13, 2023