Навивач на НФЛ-тимот Њу Ингланд патриотс почина за време на мечот против Мајами делфинс. Несреќниот 53-годишен Дејл Муни бил дел од инцидентот кој се случил на трибините кога влегол во конфликт со навивач на Мајами.
Еден сведок тврди дека 53-годишниот човек починал откако бил удрен со бокс во главата. Пред физичкиот напад, имало вербална расправија меѓу двајцата навивачи.
„Муни отиде до секторот 311 и влезе во конфликт со навивачот на Делфинс. Останатите се обидоа да ги раздвојат. Маж во дрес на Мајами двапати го удри во пределот на главата. Беше непријатно, но не делуваше дека е смртоносно. Муни потоа само остана да лежи“, рекол сведокот.
Полицијата го потврди инцидентот, а дури по аутопсијата ќе се знае причината за смртта на навивачот. Гостите од Мајами победија на овој меч со 24:17.
New England Patriots fan Dale Mooney killed following altercation with Dolphins fan at Gillette stadium 🙏 pic.twitter.com/uG6C6kzLuW
— Daily Loud (@DailyLoud) September 19, 2023